Утрински Весник
Свет

Синот на Гадафи префрлен во болница во тешка состојба, штрајкуваше со глад во затвор

Синот на Гадафи префрлен во болница во тешка состојба, штрајкуваше со глад во затвор

Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Ханибал Гадафи е префрлен од затвор во Либан во болница, во тешка состојба, јавува телевизијата „Ал Хадат“ со седиште во Дубаи.

dobivaj vesti na viber

„Ал Хадат“ наведува, повикувајќи се на неименувани извори, дека Гадафи страда од нагло опаѓање на шеќерот во крвта, пренесува Ројтерс.

Гадафи штрајкуваше со глад во знак на протест поради тоа што е затворен без судење од 2015 година.

Тој е обвинет во Либан дека криел информации за судбината на либанскиот шиитски свештеник Муса Ал Садр, кој исчезна во 1978 година за време на неговиот престој во Либија.

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД