Утрински Весник
Спорт

(Видео) Лафај со победа на ТдФ, трката се доближува до местата каде што има нереди

(Видео) Лафај со победа на ТдФ, трката се доближува до местата каде што има нереди

Французинот Виктор Лафај имаше фантастичен напад во финишот на втората етапа на Тур де Франс од Виторија Гастеиз до Сан Себастијан во Шпанија, пред од понеделник трката да навлезе во регионите на Франција каде што има нереди.

dobivaj vesti na viber

Белгиецот Вут ван Ерт беше фаворит за победа на етапата од 208.9 километри, но Лафај ги изненади сите со фантастичен спринт за да ја оствари првата етапна победа на Трката околу Франција за тимот на Кофидис од 2008 година. Словенецот Тадеј Погачар го освои третото место зад Ван Ерт. Британецот Адам Јејтс останува лидер во генерален пласман по победата на првата етапа.

По првите два дена во Баскија, ТдФ утре влегува во Франција и во текот на првата недела ќе влезе во големите градови Бјон, Дакс, Пау и Бордо, од кои во Бордо имаше повеќе уапсени во протестите поради полициското убиство на тинејџер со алжирско потекло минатата недела.

„Постојано сме во конакт со државните власти и ги следиме сите препораки. Немаме грижа дека ќе имаме проблем“, изјави директорот на ТдФ, Кристијан Прудом.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027