Утрински Весник
Свет

Полска ја истражува смртта на мајката и детето на траектот, постои сомнеж за убиство

Седумгодишно дете падна од траект во море, мајката скокнала по него – и двајцата загинаа

Полскиот јавен обвинител ја истражува смртта на мајката и детето на траект под сомнение за убиство, изјави официјален претставник за ДПА во саботата.

dobivaj vesti na viber

Седумгодишно момче и неговата мајка паднаа во Балтичкото Море додека пловеа на траект од Полска за Шведска, а првичните информации беа дека детето паднало од траектот, па неговата мајка скоскнала за да го спаси. По опсежната спасувачка операција, двајцата беа пронајдени во морето по еден час и со хеликоптер беа префрлени во болница, каде подоцна починаа.

Случајот доби пресврт со изјавата на портпаролката на окружното обвинителство во Гдањск, која изјави за ДПА дека сега се води истрага за „убиство на детето и самоубиство на мајката“. Таа не соопшти никакви дополнителни детали.

Во петокот и шведското обвинителство објави дека отворило прелиминарна истрага за убиство.

Сомнежите се отвориле откако бил прегледан материјалот од видео надзорот на траектот.

Можете да прочитате

Унгарија најави дека утре ќе го блокира новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија

Студентите во Иран излегоа на нови протести

(Видео) Инфлуенсер во Виена фрли 10.000 евра од балкон, предизвика хаос на улицата