Утрински Весник
Спорт

Медведев: Ако некој не сака да зборува за војната, тоа е негово право

Медведев: Ако некој не сака да зборува за војната, тоа е негово право

Откако Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека нема да одговара на прашања за војната во Украина додека трае Вимблдон, Русинот Данил Медведев вели дека не му пречат вакви прашања, но дека не може да се очекува некој да биде приморан да одговара на вакви „испити“.

dobivaj vesti na viber

На Сабаленка и Медведев, како и на сите руски и белоруски тенисери, не им беше дозволен настап на Вимблдон минатата година, но по казните од страна на АТП и ВТА турнеите, организаторите „попуштија“ оваа година.

„Мислам дека можам да одговорам на сите прашања. Не знам дали некој ќе биде задоволен од одговорите. Секогаш сум велел дека не можам да зборувам во име на другите тенисери. Не сакам да наметнувам мислења. Ако некој смета дека не сака да го крене својот глас, тоа е негово право. Јас постојано велам дека сум за мир и немам што да додадам“, вели Медведев.

Тој инсистира дека не очекува да добие непријателски однос од британската публика.

„Не знам, ќе видиме кога ќе излезам на теренот. Секогаш сум истиот, но на некои турнири поради различни причини, луѓето не ме сакаат премногу. Ја кажувам вистината секогаш, така што не можат да ме фатат во лага“, вели Медведев.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ