Утрински Весник
Македонија

ВМРО-Народна: Поддршка за МПЦ, законите за родова еднаквост и матична евиденција се штетни

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

ВМРО-Народна партија упатува целосна јасна и недвосмислена поддршка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија по однос на прашањето за предлог Законите за матична евиденција и родова еднаквост.

dobivaj vesti na viber

Партијата смета дека неприфатливо е донесувањето на овие Закони со кои, како што велат, не само што тоа ќе се изврши на крајно нетранспарентен начин туку и ќе задре до демократскиот капацитет на општеството во С. Македонија особено поради фактот што постојат огромни разлики кои доаѓаат не само од граѓанството туку и од страна на стручната јавност и верските заедници.

Од тука сметаат дека потребна е поширока и посеопфатна дискусија помеѓу сите засегнати страни за изнаоѓање на вистински и правилен модалитет и методологија врз која ќе се таргетираат вистинските сегменти кои недостасуваат во предложените Закони, а притоа нема да задираат во чувствата на граѓаните на С. Македонија.

„ВМРО-Народна партија како конзервативна и демохристијанска партија секогаш стои позади принципот на унапредување на еднаквоста помеѓу мажот и жената особено во општествено-политичкиот сегмент од живеењето, но во никој случај нема да дозволи разнебитување и доведување до степен на рушење на веќе постоечките семејни вредности преку донесување штетни Законски решенија со кои ќе се руши веќе постоечкиот концепт на семејството“, се вели во партискиот став.

Можете да прочитате

Венко Филипче: Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните

ОЈО бара одземање на пасошот на екс директорот на СОЗР – остварувал материјална корист за себе и за својата сопруга

Мицкоски: Денес ќе покренеме разрешување на Судскиот совет