Утрински Весник
Свет

Се огласи мајката на убиениот француски тинејџер: Полицаецот пукал во мојот син кога видел арапско лице

Се огласи мајката на убиениот француски тинејџер: Полицаецот пукал во мојот син кога видел арапско лице

Мајката на францускиот тинејџер со алжирско-мароканско потекло, кој беше убиен од полицаец во вторникот затоа што не го запрел автомобилот, верува дека полицаецот пукал кога видел арапско лице и дека смртта на син ѝ била мотивирана поради расни причини.

dobivaj vesti na viber

„Јас не ја обвинувам полицијата, обвинувам една личност, онаа што му го одзеде животот на мојот син“, изјави Мунија за „Франс 5“ во своето прво интервју за медиумите по пукањето во вторникот наутро.

Таа рече дека 38-годишниот полицаец, кој е обвинет за убиство, можел на друг начин да го контролира син ѝ.

„Не мораше да го убие мојот син. Куршум? Толку блиску до неговите гради? Не, не“, расплакано изјавила самохраната мајка, вработена во медицинскиот сектор за францускиот ТВ-канал.

„Полицаецот виде арапско лице, мало дете и сакаше да му го одземе животот. Колку долго ќе трае ова? Уште колку деца ќе бидат вакви? Колку мајки ќе се најдат во мојата ситуација?“, додаде таа.

Во четвртокот Мунија го предводеше маршот низ предградието Нантер, западно од Париз, каде што живееше со својот син, кој заврши со судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Седумнаесетгодишниот Нахел М. бил застрелан од полицаец од непосредна близина во вторникот наутро во париското предградие Нантер. Возел жолт мерцедес кога бил запрен поради сообраќајни прекршоци.

Инцидентот предизвика немири во Париз и во градовите во Франција, каде што демонстрантите се судрија со полицијата.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години