Утрински Весник
Спорт

Уапсен e тренерот на ПСЖ

Уапсен e тренерот на ПСЖ
Dik 300x250 mk

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, е уапсен со својот син Џон утрово во Ница, јавуваат француските медиуми. Галтие и неговиот син се приведени во 9 часот наутро поради истрага за скандал со расна дискриминација додека Галтие беше на чело на Ница.

dobivaj vesti na viber

Двајцата ќе бидат држени под полициски надзор 24 часа и во тој период ќе дознаат дали ќе бидат пуштени или ќе бидат задржани во истражен затвор.

Во прашање е е-пошта во која Галтие беше обвинет од поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние, дека бара црнците или муслиманите да не играат за Ница.

Галтие негираше дека тоа го побарал од Фурние, а започната е истрага. Неговиот телефонски број се прошири на социјалните мрежи и за еден ден добил повеќе од 5.000 закани.

Француските медиуми пишуваат дека најверојатната казна за Галтие, доколку се покажат точни наводите, е три години затвор и парична казна од 45.000 евра.

 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата