Утрински Весник
Свет

(Видео) Франција „гори“ поради убиството на тинејџер, а Макрон танцува: претседателот е мета на критики

(Видео) Франција „гори“ поради убиството на тинејџер, а Макрон танцува: претседателот е мета на критики
Dik 300x250 mk

Францускиот претседател Емануел Макрон беше виден како танцува цела ноќ додека насилните протести ги исполнија улиците на француските градови поради полициското убиство на тинејџер во Париз.

dobivaj vesti na viber

За време на немирите во многу градови беа запалени автомобили, демонстрантите се судрија со полицијата, која ангажираше дури 40.000 членови за да ги задушат насилните демонстрации, а многу продавници беа ограбени. Искршени се излозите на луксузни продавници, јавуваат тамошните медиуми.

Макрон беше критикуван затоа што присуствувал на концерт на Елтон Џон и се фотографирал зад сцената со ѕвездата и неговиот сопруг Дејвид Фурниш – еден ден по пукањето и среде тековните немири, пишува „Daily Mail“.

„Додека Франција беше во пламен, Макрон не беше со својот министер за внатрешни работи или со полицијата, туку претпочиташе да му аплаудира на Елтон Џон“, рече Тиери Маријани, пратеник во Европскиот парламент од Националната алијанса.

Во насилните нереди во Франција повредени се 249 полицајци и жандарми, соопшти француската полиција.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот