Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Власта бега како ѓавол од темјан од прашањата на опозицијата, го претворивте Собранието во локална канцеларија

Мицевски: Власта бега како ѓавол од темјан од прашањата на опозицијата, го претворивте Собранието во локална канцеларија

Власта прави театар и се обидува да избега од прашањата на опозицијата, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на почетокот на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

„Власта ќе се обиде да побегне како ѓавол од темјан, смислиле начин како да ги избегнат прашањата на опозицијата“, рече Мицевски дополнувајќи дека на денешната седница 49 прашања се на власта, а само седум се на опозицијата.

„Власта прашува, власта одговара, за нас ова не е ништо ново. Власта бега од опозицијата. Сакате да избегате од одговори за непријатни и тешки теми за скандалите присутни во државата. Но, нема да побегнете и нема да нè замолчите. Ние ќе бидеме тука кога ќе треба да ги поставиме вистинските прашања, а вие овде ќе црвенеете“, рече Мицевски.

Според него, власта го има претворено Собранието во локална канцеларија.

На обвинувањата на Мицевски одговори Илире Даути од Алијансата за Албанците.

„Од тие 49 прашања, 41 се мои и не сум јас пратеничка што 11 години го блокира Собранието“.

Ова го испровоцира Мицевски да реагира со констатација дека Даути сака да ја спаси власта.

„Јас сум опозиција, вие сте власт, вие ги поставувате прашањата како опозицијата да ви е виновна. Поставете едно прашање, 400 минути ќе потрошите за едно прашање, единствен заклучок е дека поставувате прашања за да ја спасите Владата“, рече Мицевски.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, ги негира прозивките на Мицевски објаснувајќи дека власта е одговорна и дека и премиерот и министрите се присутни на седницата.

Можете да прочитате

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска