Утрински Весник
Магазин

Мадона и понатаму страда од тешки симптоми на својата болест

Мадона и понатаму страда од тешки симптоми на својата болест

По отпуштањето од болница, Мадона наводно сè уште има тешки симптоми поврзани со болеста, вклучувајќи постојано повраќање.

dobivaj vesti na viber

Поп-кралицата (64) во четвртокот се врати дома откако викендот итно беше пренесена во болница во Њујорк на одделот за интензивна нега, но извори велат дека таа сега едвај станува од својот кревет.

„ТМЗ“ цитира инсајдери кои откриваат дека Мадона повраќа неконтролирано откако се вратила во својата куќа.

Истите извори откриваат дека првпат ѝ се слошило во саботата, тогаш започнале симптомите и таа колабирала истиот ден.

Извори претходно изјавија за „Пејџ сикс“ дека поп-кралицата во еден момент изгубила свест, по што била префрлена во болница.

Мадона, наводно, со недели вежбала напорно во пресрет на светската турнеја. Пробите личеле на 12-часовни работни денови.

Но, „ТМЗ“ дознава дека таа била болна цел месец и ги игнорирала симптомите, вклучително и ниската температура.

Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Осири, прв ја сподели веста за болеста на Мадона и соопшти дека нејзината претстојна турнеја „Селебрејшн“ е ставена на чекање.

„Во саботата на 24 јуни, Мадона разви сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневен престој во одделот за интензивна нега. Нејзиното здравје се подобрува, но се уште е под лекарска нега, се очекува целосно закрепнување,“ напиша тој на „Инстаграм“ во средата.

„Во овој момент ќе мора да ги паузираме сите обврски, што ја вклучува и турнејата. Ќе споделиме повеќе детали со вас веднаш штом ги имаме, вклучително и нов датум за почеток на турнејата и за сите презакажани настапи.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста