Утрински Весник
Култура

Самостојна изложба на Зоран Арсовски – Бабата на Фестивалот на светлината „Палатите блестат” во Котор

Самостојна изложба на Зоран Арсовски – Бабата на Фестивалот на светлината „Палатите блестат” во Котор

Академскиот авангарден уметник Зоран Арсовски – Бабата со своја самостојна изложба учествуваше на меѓународниот уметнички Фестивал на светлината “Палатите блестат”, кој се оддржа на 23 и 24 јуни 2023 година во Котор,  Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Овој фестивал се одржува по шести пат во стариот дел на градот Котор. Инаку ова е самостоен и индивидуален проект на Арсовски за кој тој самиот аплицираше на јавниот конкурс што беше објавен од страна на организаторите.

По извршената селекција од страна на стручното жири, кадешто имаше голема конкуренција на уметници од целиот свет, тој беше избран да учествува на фестивалот. Организатори на фестивалот се Градската Галерија Котор и Центар за култура “Никола Ѓурковиќ” Котор.

Фестивалот траеше два дена кадешто секоја вечер преку видео проекции на фасадите од објектите со стара средновековна архитектура во стариот град на Котор беа презентирани уметничките дела на секој уметник посебно во вид на своја самостојна изложба и обраќање на уметниците проследено со добра музика и сценографска презентација. Посетителите на фестивалот уживаа во уметничките дела во пријатен амбиент и една поинаква атмосфера.

Арсовски на публиката се претстави со дела кои се од неговиот најнов опус и се изработени во комбинирана техника со која тој е препознатлив на пошироката јавност со оригинален свој стил за кој веќе години наназад пишува и стручната уметничка фела на историчари и критичари на уметноста, за кое сведочат бројни рецензии за творештвото на Арсовски. Тој на јавноста е познат по бројни концептуални самостојни изложби а оваа е негова 15-та самостојна изложба. Исто така има учествувано на повеќе од 60-тина групни изложби, проекти и фестивали, со кои има настапувано на Национално и многу повеќе на Меѓународно ниво во повеќе држави низ светот. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“