Утрински Весник
Македонија

СОНК: Предолго чекаме на усогласување на платите, тоа е неприфатливо

СОНК: Предолго чекаме на усогласување на платите, тоа е неприфатливо
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пред почетокот на Економско социјалниот совет во владата, претставникот од СОНК, Јаким Неделков потсети на барањата.

dobivaj vesti na viber

„Барањата веќе јавно ги обзнанивме и ги доставивме до Владата и до ресорното министерство. Моделот, минимнална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места, предлогот на Владата е, просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места, значи тука сме некаде, но она што е сламка на препнување, тоа е предолгиот период на усогласување на платите“, рече Неделков.

Владиниот предлог од пет години како што појасни, е дефинитвно неприфатлив.

„Ова за нас како СОНК и како Федерација на слободни синдикати е неприфатливо. Тоа што може во моментов да биде прифатливо тоа е усогласување на платите во нашите дејности и во јавниот сектор за 12,55 проценти, онолку, колку што минималната плата порасна овој март. Очекувам тоа да биде разумниот минимум и дополнително успогласување на платите за онолку проценти колку што инфлацијата ги изеде платите во изминатите неколку години“, рече Неделков.

Според нив, апсолутно погрешна е методолигијата за линеарно зголемување на платите. И владата како што додаде Неделков, сфатила дека тоа е грешка.

„Тоа не доведува до трајно решение туку до компресија на работните места“, нагласи првиот човек на СОНК.

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош