Утрински Весник
Македонија

„Агресорот одново се претставува како жртва“, епископот Јаков ги повика верниците да не подлегнуваат на провокации

„Агресорот одново се претставува како жртва“, епископот Јаков ги повика верниците да не подлегнуваат на провокации

Викарниот епископ Јаков Стобиски е дециден дека тие изразуваат протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и за родова еднаквост и не протестираат против никој друг.

dobivaj vesti na viber

Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

„И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото добро сценарио, каде што агресорот одново се претставува како жртва. Токму тоа се повиците што ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на вистината со нивните добро познати методи на праќање провокатори“, вели епископот г. Јаков.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

Можете да прочитате

Царинска управа: Уште шест кривични за девет лица до ЈО заради криминал со употребувани возила и глисери

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

ОЈО: Се вршат претреси низ Скопје за примање и давање поткуп и проневера