Утрински Весник
Спорт

Ливерпул се вклучува во битката за Осимен

Ливерпул се вклучува во битката за Осимен

Ливерпул е уште еден клуб заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Јирген Клоп сака да донесе нов човек во врвот на нападот кој ќе го замени Роберто Фирмино и има амбициозна тоа да биде 24-годишниот Нигериец од Наполи, открива „Газета дело Спорт“.

dobivaj vesti na viber

Осимен стана еден од најбараните играчи на пазарот откако постигна 31 гол на 39 натпревари за Наполи и беше клучен во освојувањето на титулата во Серија А. Него го бараат и Манчестер Јунајтед, Челси, Њукасл и Пари Сен Жермен, а „црвените“ се подготвени да се вклучат во трката за неговиот потпис, откако воделе првични разговори со неговиот агент.

Проблем со евентуален трансфер на Осимен на „Енфилд“, освен големата конкуренција, може да биде и високата цена на играчот. Наполи сака да добие неверојатни 180 милиони евра, а токму цената досега ги одвраќа сите клубови заинтересирани за напаѓачот.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026