Утрински Весник
Македонија

Времето денес сончево, во сабота се очекува невреме

Времето денес сончево, во сабота се очекува невреме
Dik 300x250 mk

Сончево со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од петок температурата ќе биде во постепен пораст, но за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога се очекува и локално невреме.

Можете да прочитате

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава

Излезноста до 9 часот е 2,88%