Утрински Весник
Свет

„Њујорк тајмс“: Генералот Суровикин знаел за бунтот на Вагнер; Кремљ: Тоа се гласини

„Њујорк тајмс“: Генералот Суровикин знаел за бунтот на Вагнер; Кремљ: Тоа се гласини

Кремљ го отфрли извештајот на „Њујорк Тајмс“ дека руски генерал, наводно, однапред знаел за плановите на Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер, за обид за државен удар во Русија во текот на викендот, нарекувајќи ја приказната „шпекулации и гласини“.

dobivaj vesti na viber

„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти се обидуваат да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на вооружениот бунт на Пригожин во Русија минатиот викенд. Суровикин во јануари беше сменет од генералот Валериј Герасимов – кој беше меѓу членовите на руската воена елита критикувани од Пригожин за „грешки“ за време на инвазијата на Украина.

„Њујорк тајмс“ објави дека одлуката на Пригожин да започне бунт можеби била под влијание на верувањето дека тој ќе добие поддршка од високи воени претставници во Москва.

„Официјални претставници на САД, исто така, рекоа дека има знаци дека други руски генерали можеби го поддржале обидот на Пригожин насилно да го смени раководството на Министерството за одбрана. Сегашните и поранешните американски функционери рекоа дека Пригожин немаше да го започне својот бунт доколку не веруваше дека другите на позиции на моќ ќе дојдат на помош“, објави „Њујорк тајмс“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше денешната статија: „Сега ќе има многу шпекулации и гласини околу овие настани. Мислам дека ова е само уште еден пример за тоа“.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња