Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за несреќата кај Катланово: моторџијата починал на самото место, сопатничката имала лесни повреди

МВР со детали за несреќата кај Катланово: моторџијата починал на самото место, сопатничката имала лесни повреди

На 26.6.2023, во 16.46 часот, било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, по влезот во тунелот „Стража-Катланово“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Д. (26) од с. Цветово, Скопско, и мотоцикл „хонда“, со унгарски национални ознаки, управувано од Ц. Б. (70) од Р. Унгарија.

dobivaj vesti na viber

„На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош.

„Телесни повреди добила сопатничката Ц. Т. В. М. (68) од Р. Унгарија, констатирани во Општата болница во Велес“, велат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа на СВР Велес.

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје