Македонскиот ракометен првак Еуфорарм Пелистер ги доби противниците за групната фаза од Лигата на шампионите. Во Битола ќе гостуваат звучни имиња на европскиот клупски ракомет, Киелце, Пари Сен Жермен, Кил, ПИК Сегед, Алборг, ППД Загреб и Колштад. Тоа се екипите сместени во групата А.
„Пелистерци“ ждребот во Виена го чекаа од третиот барабан.
Во групата Б се најдоа Барселона, Гог Гудме, Веспрем, Магдебург, Висла, Монпелје.
Екипите кои што ќе завршат на првите две позиции директно ќе се пласираат во четвртфиналето. Екипите кои ќе завршат на третото, четвртото, петтото и шестото место во групната фаза ќе играат во осминафиналето.
Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 12 септември.
Одредени се групите и за Лигата на шампионите во женска конкуренција. Бранителките на титулата, ракометарките на Вајперс Кристијансанд се предводници на групата Б во која се и Мец, Есбјерг, Рапид, Ференцварош…
Почетокот на новата сезона ќе биде на 9/10 септември.