Без одговор останаа прашањата до каде се активностите за изградбата на зградите карши „Холидеј Ин“, а чиј сопственик на парцелите е и Македонската православна црква (МПЦ). Епископoт Јаков Стобиски смета дека со вакви прашања се прави дефокус на небитни теми. Рече дека тоа нема да го дозволи.
„Пресот е свикан во однос на протестот. Јас немам овластување. Ова е прес на Синодот. Очекувавме вакви прашања. Нема да одговараме на прашања кои не се поврзани со најголемата закани на ова општество. Познато е дека црквата има свој имот, дека црквата има своја финансиска работа. Вратите на црквата не се затворени за институциите да направат увид. Да се стави под тепих ова што го правиме, со дефокус на теми, кои се тотално небитни во компарација со овие закони, со заканата кои ни престои – нема да дозволиме“, кажа епископoт Јаков Стобиски.
Инаку, фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) градат карши „Холидеј Ин“. Планирани се три кули со деловен простор и простор за домување. Станува збор за 20-катници. Прва се гради кулата на земјиштето на МПЦ.
Планот за во овој дел на Скопје донесен во 2012 година во време на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ не направи ништо за да ја спречи изградбата.