Утрински Весник
Свет

(Видео) По кратко боледување почина актерот Лу Партер од култниот филм „Титаник“

(Видео) По кратко боледување почина актерот Лу Партер од култниот филм „Титаник“

Почина актерот Лу Палтер од култниот филм „Титаник“, кој сите го паметат по една од најтрогателните сцени.

dobivaj vesti na viber

Според неговото семејство, актерот починал по кратко боледување од рак на белите дробови.

Лу Палтер (94) беше најпознат по трогателната сцена кога старец и старица, кои знаат дека нема да можат да избегаат од „Титаник“ кој тоне, се гушкаат на креветот додека водата навлегува во кабините на бродот.

Инаку, сцената е инспирирана од вистински пар патници на „Титаник“, а од необична игра на судбината, двајцата старци биле предци на сопругата на сопственикот на подморницата „Титан“, Стоктон Раш

Можете да прочитате

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години