Утрински Весник
Македонија

186 санкционирани возачи во Скопје, 74 за брзо возење

Тешка несреќа кај Драчево: Излета автомобил со четири млади девојки, однесени сите во болница
Dik 300x250 mk

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

dobivaj vesti na viber

Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Советниците од ДУИ прво одбија, потоа примија уверенија на двојазичен формат

Дизелот поскапува од полноќ – ова се новите цени на горивата

Нема да има марш оваа сабота во Кочани