Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) Меси доби овации на „Бомбоњера“ на збогувањето на Рикелме

(ВИДЕО) Меси доби овации на „Бомбоњера“ на збогувањето на Рикелме

Поранешниот аргентински репрезентативец Хуан Роман Рикелме го одигра својот проштален натпревар со Бока Јуниорс. Еден од идолите на „Ла Бомбоњера“ се повлече од активно играње пред девет години. Над 50.000 навивачи ги исполнија трибините на митскиот стадион за да уживаат во спектаклот со кој легендите на Бока ја победија со 5:3 селекцијата на Аргентина предводена од Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

Само 24 часа претходно Меси учествуваше во уште едно збогување, на Макси Родригез во родното Росарио.



Тој доби исклучително топло добредојде на „Ла Бомбоњера“, па дури и се расплака додека навивачите го скандираа неговото име.

По спектакуларниот натпревар, Рикелме застана на центарот на теренот и го зеде микрофонот за да им се заблагодари на сите кои го почестија со своето присуство.

„Фудбалот ми даде сѐ во животот. Благодарение на него и купив куќа на мајка ми. Многу работи ми се случија и имав среќа да играм со најголемиот, со оној за кој сонував како дете – Диего Марадона“, изјави возбудениот Рикелме, облечен во дресот со број „10“ на Бока со името на Марадона.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност