Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари и Меган работат на спин-оф серија за „Нетфликс“

Принцот Хари и Меган работат на спин-оф серија за „Нетфликс“

Војводата и војвотката од Сасекс работат на спин-оф серија „Големи очекувања“ (Great Expectations) за „Нетфликс“.

dobivaj vesti na viber

Двојката потпиша договор од 100 милиони долари со стриминг-гигантот кога се откажаа од кралските должности за да се преселат во Калифорнија пред три години.

Иако нивниот договор досега резултираше само во документарна серија „Хари плус Меган“, и уште една документарна серија „Живеј за да водиш“ (Live to Lead), во план се и други потфати.

Live to Lead претстави дел од личностите кои направиле најголеми промени во светот, меѓу кои и Грета Тунберг, Џасинда Ардерн и Глорија Стајнем. Во серијата, војводата и војвотката од Сасекс прават интервјуа со овие личности.

Според „Волстрит журнал“, компанијата „Арчивел“ на принцот Хари и Меган ја создава серијата „Лоши манири“ (Bad Manners), пред-продолжение базирано на класичен лик на Чарлс Дикенс – госпоѓица Хавишем – но осамената стара мома овојпат е замислена како силна жена која живее во патријархално општество. Серијата допрва треба да добие зелено светло.

Документарната серија на Хари за игрите „Инвиктус“ (Invictis Games) е исто така при крај. Aнимираната детска серија на Меган, Pearl, беше откажана минатиот мај, а на парот исто така беа поништени голем број други предлози.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност