Утрински Весник
Свет

Најмалку 13 руски војници загинале во бунтот на Вагнер, иако Пригожин рече дека не паднала капка крв

Би-Би-Си: Вагнер се движи кон Москва

Најмалку 13 руски војници се убиени за време на бунтот на Вагнер, соопштија проруски воени блогери.

dobivaj vesti na viber

Бројот на жртви може да надмине 20, посочија денеска независни коментатори, со оглед на соборувањето на шест хеликоптери и извидувачки авион од страна на ловците на Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер.

Засега нема потврда од руските власти за ваквите тврдења.

Соборените хеликоптери вклучувале три Ми-8 кои се користат за електронско војување кои повеќе не стигнуваат до фронтот, објави воениот блог „Рибар“. Се урна и транспортен авион Ил-18 при што загина целиот екипаж, се вели во објавата на „Рибар“.

Ако бројките се точни, тоа би значело дека загубите на воздухопловните сили за време на бунтот биле поголеми отколку за време на украинската контраофанзива. Пригожин вчера потенцираше дека не била пролеана ни капка крв, а за да не се случи тоа го прекина походот кон Москва.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина