Утрински Весник
Спорт

РК Еурофарм Пелистер го потврди доаѓањето на Урош Борзаш

РК Еурофарм Пелистер го потврди доаѓањето на Урош Борзаш
Dik 300x250 mk

Ракометниот првак Еурофарм Пелистер го официјализираше транферот на Урош Борзаш, српскиот репрезентативец кој доаѓа од норвешкиот клуб Елверум.

dobivaj vesti na viber

Презентацијата на новото засилување ќе се случи на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола.

„Српскиот репрезентативец Урош Борзаш е нов член на Еурофарм Пелистер, откако стави потпис на двегодишен договор. 23-годишниот Борзаш е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија која рапидно се качува кон европскиот врв. Урош доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 49 гола во четиринаесет натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм. Новото засилување на Еурофарм Пелистер е роден во Сента, има српско и унгарско државјанство, а негов матичен клуб е големиот Веспрем. Борзаш го носеше дресот и на Татабања, Тулуз во Франција и норвешки Елверум“, објави Еурофарм Пелистер.

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите