Утрински Весник
Македонија

Груби објави дека ДУИ води на анкета, но и дека СДСМ губи од ВМРО-ДПМНЕ

Груби објави дека ДУИ води на анкета, но и дека СДСМ губи од ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот Артан Груби објави резултати од анкета, од која се гледа дека СДСМ, коалициониот партнер на ДУИ, ја губи поддршката од граѓаните. Според графиконот објавен од Груби, ВМРО-ДПМНЕ има предност 10,5 проценти. За Груби, важно е што ДУИ има предност во албанскиот блок.

dobivaj vesti na viber

Графиконот објавен од Груби

„И во последната анкета, како и во сите останати, самоуверено одиме напред со вашата голема поддршка!“, напиша Груби и се заблагодари.

Според објавата, оваа анкета е направена на почетокот од јуни. Спроведена е на 1.200 испитаници. Анкетата е направена пред градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко да се најде на црната листа на САД, а Груби ја објавува неколку дена откако Стејт департментот ја соопшти одлуката.

Можете да прочитате

Ангелов: Најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење

„Можно е да се кандидирам како независен“ порачува градоначалникот на Струмица, Костадинов

Мицевски: СДС со кадри на Заев и Филипче тргнува во сигурен пораз на локалните избори