Светот се соочува со зголемен ризик од конфликт, бидејќи водата станува се поретка поради климатските промени, предупреди германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, во изјава за време на неговата посета на Киргистан.
Заканата бара два правци на дејствување, нагласи Штајнмаер.
„Од една страна, тоа е политичка инвестиција што помага во решавањето на конфликтите меѓу земјите. А од друга страна, решителна борба против климатските промени во Германија, Европа и светот за да се запрат промените, рече Штајнмаер.
Штајнмаер, беше министер за надворешни работи на Германија од 2013 до 2017 година.