Утрински Весник
Македонија

Барале разрешување на Мојсоски поради законски прекршувања, а останал директор оти бил етичен – Антикорупциска со критики за Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоски нека не се крие, нека поднесе оставка од АМС

Критики од антикорупционерите дојдоа и на сметка на Владата. Тие посочија дека не се потребни 8.000 километри за да се дојде до наодите за Рамиз Мерко, алудирајќи на изјавата од премиерот Димитар Ковачевски. Воедно, потсетија дека и во Владата не постапуваат по нивни инцијативи за барање одговорност. Кажаа и конкретен пример, каде барале разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски поради законски прекршувања, а Владата си испитувала прекршувања на Кодекс.

dobivaj vesti na viber

„Постојат спреги кои не дозволуваат институциите не функционираат како што треба. На секој можен начин, во секоја пора, се обидува да се влијае. А на тоа ако се додаде недостигот на интегритет поставени на несоодветен начин на одредени позиции, кои што имаат за враќање за таму каде што ги поставиле – многу јасно е дека на ваков начин ќе се функционира. Ова не е единствен случај на ДКСК до Обвинителството. Колку инцијативи до Владата сме дале за разрешување и одговорност, па не преземале ништо…“, рече Ивановска.

Антикорупциска даде и пример за поведена иницијатива за разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. Иницијативата патувала од кабинет во кабинет. Прво била кај премиерот Димитар Ковачевски, па кај вицепремиерката Славица Грковска за да се видело дали има прекршување на Кодексот за етичко однесување. Откако утврдиле дека бил етичен, не го разрешиле.

„Па кој бараше дали е прекршен кодексот? Во ревизорските извештаи е констатирано дека несовесно се однесувал, не воспоставил контролни механизми, не почитувал критериуми. Тоа е прекршување на законот. И сега нѐ известуваат дека ќе чекаат да видат дали Обвинителството ќе постапи по кривичната пријава, па потоа тие да видат дали ќе го разрешат или не. Очигледно се прават акробации за да се заштитат одредени структури“, кажаа од Антикорупциска.

Можете да прочитате

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово