Утрински Весник
Економија

Николовски од Софија: Преку развиено и модерно земјоделство до поголеми количини храна, безбедна и достапна за секој граѓанин

Николовски од Софија: Преку развиено и модерно земјоделство до  поголеми количини храна, безбедна и достапна за секој граѓанин

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Софија учествуваше на Меѓунариодниот Самит „Зелена Транзиција – Централна и Источна Европа“, каде одржа свое обраќање на панелот посветен на обезбеденоста со храна достапна за секој граѓанин.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање министерот Николовски ги презентира мерките што МЗШВ ги креира за поддршка за домашното производство преку Националниот план за производство на храна и програмите за поддршка на малите индивидуални земјоделци, со цел обезбедување на доволни количини храна, достапни за граѓаните.

„Како држава подготвивме Национален план за производство на храна, преку кој го поддржуваме домашното производство на храна, пред се на значајните култури и домашното производство го насочуваме кон домашните капацитети. Од оваа година преку седум нови програми за поддршка обезбедивме грантови до 10.000 евра за развој на малите производители на храна и пијалоци, поддржувајќи ги во набавка на опрема за произзводство“ истакна Николовски.

Бевме единствена земја во регионот која подготви Интервентна програма за поддршка на секој еден земјдоелец, во услови на тешка светска криза.

„Со Интервентна програма, за што сме единствени во регионот даваме поддршка на секој еден земјоделец во услови на криза, а преку конкретни владини мерки помогнавме во стабилизирање на цените обезбедувајќи храната достапна за секој граѓанин. Најзначајна мерка од Интервентната програмата беше поддршката до 40% при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури. Оваа мерка даде одлични резултати, ја искористија повеќе од 12.000 земјдоелци, остваривме зголемен принос на житни култури, со многу поголем квалитет. Во таа насока Интервентната програма ја продолживме и оваа година со дуплиран буџет, каде имаме отворена програма, за да можеме во секое време каде ќе се појави потреба од интервенција да биде креирана интервентна мерка за поддршка на земјоделците“ истакна Николовски.

Додаде дека преку иницијативата Отворен Балкан се отворија трговските текови, задржувајќи ја регионалната стабилност и економскиот развој на трите држави членки на иницијативата Отворен Балкан.

Можете да прочитате

Нема крај на поскапувањето: Угостителските услуги во јануари пораснале за 5,8 %

Поскапеа и цигарите од несогорлив тутун

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита