Утрински Весник
Спорт

Репрезентативецот Игор Алексовски го продолжи договорот со Работнички

Репрезентативецот Игор Алексовски го продолжи договорот со Работнички

Македонскиот репрезентативец Игор Алексовски останува верен на Работнички. Тој денеска го продолжи договорот со клубот за дополнителни 18 месеци, објави клубот од Дебар Маало.

dobivaj vesti na viber

Останувањето на Алексовски ќе донесе сигурност и цврстина во одбраната, а Работнички и во наредниот период ќе има квалитетно решение на голманската позиција.

„Среќни сме што ќе го имаме Игор Алексовски во тимот и во наредниот период. Неговото останување беше еден од приоритетите на клубот, тој треба да биде една од клучните фигури во тимот што треба да го врати Работнички при самиот врв на македонскиот фудбал. Ќе работиме на уште неколку засилувања на составот за да бидеме подготвени за новата сезона во која треба да се бориме за највисок пласман“, изјави претседателот Драган Поповски за официјалниот сајт на клубот.

Минатата сезона Игор Алексовски имаше 27 настапи за Работнички во македонскиот шампионат, а досега има два настапи и во најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина