Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Груби, Османи и ДУИ тивки откако Мерко е на црната листа на САД, нема одговор дали ќе го пратат во политичка пензија и ќе бараат одговорност

Груби, Османи и ДУИ тивки откако Мерко е на црната листа на САД, нема одговор дали ќе го пратат во политичка пензија и ќе бараат одговорност
Img 7972

Без реакција остана ДУИ откако Стејт департментот обзнани дека нивниот кадар, градоначалникот Рамиз Мерко се најде на така наречената црна листа на САД.

dobivaj vesti na viber

„Макфакс“ исконтактира со функционерите од партијата, Артан Груби и Бујар Османи – но тие не одговорија на нашите пораки. Изостана став за прашањето дали ќе го пратат во политичка пензија и ќе побараат одговорност.

Четири часа, Груби и Османи не одговараат дали веруваат на тврдењата од Стејт департментот, кога велат дека Мерко присвојувал средства, се мешал во судството и ја намалувал довербата која јавноста ја има во институциите. Тишина има и на прашањето каква порака испрати Стејт департментот со чекорот Мерко да не биде добредојден во САД.

Инаку, попладнево, беше објавена одлуката со која струшкиот градоначалник Мерко е уште еден функционер од Македонија кој е на црната листа на САД. Ниту тој не се прозинесе за ваквата одлука, по нејзиното официјално објавување.

Можете да прочитате

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта