Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Народот за четири дена собра донации за Кико да оди на лекување во Турција

Народот за четири дена собра донации за Кико да оди на лекување во Турција
Img 7972

Граѓаните за четири дена собраа донации за Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван за чие лекување се собираа парични средства.

dobivaj vesti na viber

Ова е првична, неофицијална потврда, затоа што во тек се правните процедури за детални извештаи, со оглед на тоа дека донации се собираа преку неколку различни канали. Сепак, семејството на Кико започна процедура за стопирање на телефонските линии.

Малиот Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. Последните информации се дека Кико е подобар, и се очекува дозвола од лекарите за тој да може да замина за Турција каде ќе го продолжи лекување за што беа потребни 50.000 евра.

Неколкуте настани и концертот кои веќе се закажани и нивната организација е во полн ек, нема да се одложуваат. Сите дополнителни средства ќе бидат наменети за рехабилитацискиот процес.

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“