Има дијалог, но нема решение помеѓу Управата за јавни приходи и Синдикатот кој најави целосна блокада ако не добијат покачени плати. Раководството на институцијата за „Макфакс“ посочува дека се надеваат оти нема да има поголеми блокади со најавениот генерален штрајк чиј почеток е закажан за седум дена. И тие се свесни дека од УЈП зависи нормалното функционирање како на граѓаните, така и на фримите.
„Во Управата за јавни приходи работат виско професионални даночни работници кои се свесни за есенцијалната улога на институцијата и се со подадена рака за соработка и дијалог, па оттука веруваме дека вработените ќе ги остварат своите права кои им сладат согласно Закон. Се надеваме дека нема да дојде до поголеми блокади на процесите кои ги администрира Управата за јавни приходи од кои зависи и нормалното функционирање на сите даночни обврзници“, велат од УЈП за „Макфакс“.
Добиле известување дека ќе има генерален штрајк.
„Од страна на Синдикатот доставено е писмено известување за донесената одлука за одржување на генерален штрајк. Во исто време до министерство за труд и социјална политика доставено е и известување со предложен помирувач, за спроведување на активности за помирување согласно Закон. Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии и Синдикатот ќе продолжи со дијалог се со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на состојбата“, додава УЈП за „Макфакс“.
Ако не добијат покачување за 30 отсто, од 27 јуни, вработените во Управата за јавни приходи стартуваат со генерален штрајк.