Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Жена исчезнала додека берела печурки во охридско, пронајдена дури утрово

Скопјанец на Водно се обидел да изврши полов напад и силување
Img 7972

Регионалниот ЦУК Охрид, известува од СВР Охрид дека едно лицето од с. Горно Средорече дека се изгубило од 20:40 часот вчера (20.06.2023 година) и по него е организирана потрага. По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба

dobivaj vesti na viber

„Имено, сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, лицето не се појавило. Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче за обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини на исчезнатото лице. Потрагата траела за дел од трагачите до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останале на терен“, велат од ЦУК.

Утрово од 05.00 часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време изгубеното лице било пронајдено.

Можете да прочитате

Мицкоски: По победата на локалните избори ќе размислуваме за предвремени парламентарни избори, одлуката ќе зависи од интересот на државата

Празен бил куферот кој ги евакуираше сите згради околу штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Оставен сомнителен куфер го испразни главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и околните објекти