Утрински Весник
Македонија

Левицата: Меџити го исфрлил од употреба македонскиот јазик

Левицата: Меџити го исфрлил од употреба македонскиот јазик

Фатмир Меџити, министер за здравство на службениот фејсбук профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик. Односно, сите текстови се напишани на албански јазик, а потоа е даден превод на македонски јазик или, пак, воопшто нема превод, регираат преку писмено соопштение од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Со ваквиот однос кон употребата на македонскиот јазик, кој е службен на цела територија на Македонија, тој го крши Законот за употреба на јазиците, според кој македонскиот литературен јазик со неговото кирилско писмo е прв службен јазик за официјална употреба. Не e дозволено неговото непочитување од страна на функционери кои се поставени на високи позиции во владеaчката структура. Министерот и во својот опис на официјалниот фејсбук профил единствено пишува на албански јазик, што е експлицитно непочитување на македонскиот народ и држава.Го потсетуваме министерот Меџити, на кого непрекинато го следат скандали во краток период, дека живее и работи во Република Македонија и според постоечкиот Закон за употреба на јазиците, должен е секое негово писмено обраќање до јавноста, да биде пред се’ на стандарден македонски јазик со употреба на стандарден правопис и кирилско писмо“, велат од политичката партија Левица и додаваат:

„Левица јавно прашува каде се надлежните институции соодветно да реагираат и да го санкционираат министерот Меџити за ваквиот скандалозен и неприфатлив однос кон македонскиот јазик. Очигледно е дека СДС е само малцински партнер во Владата предводена од ДУИ и заради мирот во коалицијата, го одобрува ваквото газење и негирање на македонскиот идентитет и достоинство“, велат од Левица.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ја подржувам идејата за проширување на „Безбеден град” во други градови

Халата за лесна индустрија станала клуб без знаење на сопственикот, тврди одбраната

Тодор продавал карти, но немал право да легитимира или контролира влез вели одбраната