Утрински Весник
Македонија

Запленети околу 71 килограм опојна дрога марихуана на Деве Баир

Запленети околу 71 килограм опојна дрога марихуана на Деве Баир

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир синоќа спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.

dobivaj vesti na viber

„Имено, на 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм“ наведуваат од Царинската управа.

Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на Секторот за контрола и истраги од Царинската управа против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор