Американскиот претседател Џозеф Бајден продолжува со гафовите. Тој одржа говор на Националниот самит за побезбедни заедници во Конектикат, каде побара построги закони за контрола на оружјето, но на крајот од својот говор ги збуни присутните велејќи „Боже чувај ја кралицата“.
На интернет се шират видеа од пораката на американскиот претседател на крајот од неговото обраќање, а јавноста се прашува што мислел американскиот претседател кога го кажал тоа, како и тоа како можел овој човек да добие поддршка од 81 милион Американци.
„Некој да му стави до знаење дека сме Американци и немаме кралица“, се коментира на социјалните мрежи.
Првата заменик-секретарка за печат на Белата куќа, Оливија Далтон, во разговор со новинарите подоцна рече дека американскиот претседателот го упатил тој коментар „некому од публиката“.