Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс во Пекинг се сретна со кинескиот претседател: разговараa за теми важни за Кина и САД

Бил Гејтс во Пекинг се сретна со кинескиот претседател: разговараa за теми важни за Кина и САД

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска се сретна со основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и рече дека се надева оти тие заеднички ќе можат да спроведат активности кои се од заеднички интерес за Кина и САД.

dobivaj vesti na viber

Во првата средба со Гејтс по неколку години, Шји го нарече американскиот претприемач „стар пријател“.

„Често велам дека основата на односите меѓу САД и Кина лежи во нејзините народи. Моите надежи ги полагам во американскиот народ“, рече Шји во видеото што го објави кинеската телевизија.

Тој му рече на Гејтс дека во сегашната глобална ситуација „можно е заеднички да се спроведат различни активности кои се корисни за двете земји и народи, активности кои се корисни за човештвото во целина“.

За време на средбата, Шји рече дека Кина нема да ја следи старата политика на „силна држава која сака хегемонија“, туку ќе работи со други земји за да постигне заеднички развој.

Гејтс, кој пристигна во Пекинг во средата, му рече на Шји дека е почестен што има можност да се сретне со кинескиот претседател и рече дека имаат многу важни теми за разговор. Средбата со Гејтс го означува крајот на долгата пауза што Шји ја имаше во последните години на состаноците со странски приватни претприемачи и деловни лидери.

Можете да прочитате

Почнаа руско-украинските преговори во Истанбул

Полска до своите граѓани: Ако е можно, напуштете ја Русија

САД и ЕУ блиску до договор за царини од 15 отсто