Утрински Весник
Македонија

Сега сите партии се согласни дека Собранието во овој состав има мандат за уставни измени, велат од СДСМ

Сега сите партии се согласни дека Собранието во овој состав има мандат за уставни измени, велат од СДСМ

За поздравување е промената на ставот на Христијан Мицкоски околу легитимноста на овој собраниски состав, за кој Мицкоски и ДПМНЕ велеа дека тој нема легитимитет и мандат за спроведување на уставни измени, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со тоа, сега сите партии, вклучително и ДПМНЕ се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат.

Добро е што на лидерската средба се направи сериозен исчекор и се дојде до одредена точка, сега е потребно да продолжи дијалогот што е можно поскоро во делот како да се изведат уставните измени“ додаваат од партијата.

Оттаму го охрабруваат Мицкоски да остане на променетите ставови и да формира свои тимови што побрзо.

„Доколку постои искрена волја нема потреба да се чека ниту да се тактизира, потребно е заедно да продолжиме да работиме на уставните измени, за остварување државните и националните интереси.

Државата, граѓаните немаат време за губење, затоа што колку побрзо се донесат уставните измени, толку пократок ќе биде рокот на преговори и толку побрзо Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско