Утрински Весник
Македонија

Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството

Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството

„Алкалоид“ АД Скопје, како општествено одговорна компанија, постојано тежнее кон поздрав свет и кон супериорен квалитет на производите и на услугите, a чиј императив се грижата за здравјето и заштитата на секој човек, високо позиционирани во корпоративната деловна стратегија.

dobivaj vesti na viber

И оваа година хуманиот однос спрема секој човек и спрема заедницата го покажа со нова крводарителска акција на вработените во компанијата, реализирана по повод одбележувањето на 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството.

Во крводарителската акција „Дарувај крв – спаси живот“, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина, 150 вработени го искажаа својот хуман гест на доброволно дарување крв. Меѓу крводарителите во голем број беа вработените кои имаат повеќебројни дарувања и кои ја продолжуваат долгата традиција на дарување крв во компанијата, но во голем број беа и алкалоидовците од помладата генерација кои за првпат даруваа крв, што е уште еден доказ дека нашиот највреден ресурс, нашите вработени, секогаш и во сѐ помасовен број се подготвени да ги покажат своите хуманост и солидарност на дело.


Со организирањето крводарителски акции компанијата уште еднаш ги истакна својата заложба за хумано однесување и посветеноста за унапредување на корпоративната култура и на општествената одговорност, а во сето тоа поддржана од ентузијазмот за хуманост на своите вработени. Токму тие се и најголемите амбасадори на сето она за што се залага „Алкалоид“ и се вистински пример за посветени вработени и за општествено одговорни луѓе.

(ПР)

Можете да прочитате

Газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тврди мајка на загинато момче

МВР казни 101 возач поради затемнети стакла

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите