Утрински Весник
Македонија

(Видео) Алиу: Клучните зборови на 100-дневниот биланс на МИОА се: дигитализација, реформи во администрацијата и слобода на медиумите

(Видео) Алиу: Клучните зборови на 100-дневниот биланс на МИОА се: дигитализација, реформи во администрацијата и слобода на медиумите

„Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е „DigitalEra“-програма која драстично го промени начинот на којшто граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето“ истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на денешната прес-конференција на која го презентираше сработеното во изминатите 100 дена.

dobivaj vesti na viber

Посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната Агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги со што ќе се подобри економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел, да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ „Дигитален Компас“.

Процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и Сајбер безбедност, се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: ,,сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги“ на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Северна Македонија. „Една точка за услуги“ веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со владата, обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет градови – Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид.

Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби.

Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот, а наскоро работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми: ,,Како резултат на тоа ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество“, рече министерот Алиу.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!