Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бесими им се скара на новинарите, бидејќи му кажаа дека пациентите со цистична фиброза ќе умрат чекајќи „трикафта“

(Видео) Бесими им се скара на новинарите, бидејќи му кажаа дека пациентите со цистична фиброза ќе умрат чекајќи „трикафта“

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, им се налути на новинарите, оти му замерија дека се уште нема најдено пари за лекот „трикафта“ за сите пациенти. Кога му посочија дека пациентите можат да умрат чекајќи лек од државата, кој ги обвини дека манипулираат.

dobivaj vesti na viber

„Значи тие се 12 (лица за кои е набавен лекот), а останативе можат слободно да починат?“, прашаа новинарите, на што Бесими одговори: „Ова не е коректно прво кон тие граѓани, да дадете таква констатација. Не манипулирајте и тука ќе завршам со изјавата. Се манипулира со човечки судбини, за вие да манипулирате. Не можам да прифатам некој да манипулира со човечки судбини. По ова, не сум концентриран на другите. Секој има право на живот. Тоа е универзално право. Прво проверете, видете по институции, документи – па ќе разговараме. Одам на друг настан, одговарам на куп прашања и ми се нафрлува прашање на кое сум дал одговор и потпрашање кое е некорентно поставено. Може ја така ве сфатив“, рече Бесими, лут затоа што новинарот му посочи дека другите за кои Владата нема набавен лек, можат да умрат.

Претходно, прашан до каде е набавката на лекот за другите критични пациенти, Бесими немаше конкретен одговор.

„Веројатно институциите се во фаза на реализација. Мислам дека тоа прашање е апсолвирано“, рече Бесими, па прашан за колку лица е набавен лекот, тој додаде: „Колку што беше информирано, толку е постапено од Владата. Колку што беше дадена информација од Владата“.

Набавката на „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, кои го чекаат лекот, повторно заглави во министерско-владини лавиринти, алармираат родителите на пациентите. Елмир Сејфулаи, еден од родителите, денес пред Собранието на Република Македонија потсети дека модуларната терпаија сѐ уште не е достапна за пациентите, иако одамна се истечени роковите, кои Владата сама ги даде.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!