Утрински Весник
Македонија

Ласовска: Ако СДС не ги прифати понудите од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на идентитетот

Ласовска: Ако СДС не ги прифати понудите од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на идентитетот

Една недела по лидерската средба, а СДС уште нема став кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

dobivaj vesti na viber

„Помина една недела, а балонот на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени под бугарски диктат издиша. Јасно се гледа безидејноста на кираџиите на ДУИ. Наместо да ја препознаат шансата и подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие се однесуваат крајно недораснато во клучни моменти за државата. СДС и Ковачевски мора да одговорат, кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат“, вели Ласовска.

Потсетува дека првиот предлог значи преодна влада без ДУИ и одложена примена на уставните измени или вториот, кој значи брзи избори, а потоа барање на гаранции од Европската унија, финансиска поддршка за државата и барање Бугарија да имплементира барем 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците.

„Кој од овие два предлози за СДС и Ковачевски е прифатлив?

Ако СДС не ги прифати двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на идентитетот и ќе прифати нешто во тек на преговорите кое ќе го доуништи македонскиот идентитет.

СДС сега треба да ги покаже своите вистински намери.

Дали е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки?

Дали планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега и оставајќи простор во тек на преговорите со Европската унија, Бугарија да не’ блокира секогаш кога ќе посака и со тоа да ја принудува Македонија целосно да си го уништи сопствениот идентитет?“, прашува Ласовска.

Според неа, СДС и Ковачевски не може вечно да се кријат и купуваат време.

Можете да прочитате

„Мој ДДВ” не работи затоа што нема пари во буџетот, велат од СДСМ

Прво роденнден на партијата, па владина реконструкција, најави Мицкоски

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат