Утрински Весник
Свет

Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ

Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на БиХ, бил застрелан во основното училиште во Лукавац, потврдија за порталот „Аваз“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“.

Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА.

Учениците не се повредени, а пукањето се случило утрово околу 8 часот.

„Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик, кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал некој вработен во училиштето.

Испукал неколку куршуми во него и во моментот лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен, а оружјето е пронајдено на самото место.

Можете да прочитате

Орбан ја предупреди Белгија да не ги користи замрзнатите руски средства за Украина

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција

Зеленски бара јасна поддршка од ЕУ и користење на замрзнатите руски средства