Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пациенти со цистична фиброза над 26 години побараа поддршка за да не плаќаат патарина и партиципација за лекување

(Видео) Пациенти со цистична фиброза над 26 години побараа поддршка за да не плаќаат патарина и партиципација за лекување
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Родители на деца со цистична фиброза пред Собранието јавно ги повикаа сите политички партии да дадат поддршка на законските измени кои предвидуваат ослободување од партиципација за медицински услуги и лекови за пациенти постари од 26 години и ослободување од плаќање патарина.

„Денес сме тука да ја поздравиме, поддржиме и охрабриме законската инцијатива за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови за пациенти со цистична фиброза постари од 26 години и ослободување од плаќање патарини и патни такси. Ова е дел од наша долгогодишна борба. Бараме и очекуваме поддршка од сите политички партии и пратеници од Собранието на Македонија за прифаќање и брза реализација на законските измени“, рече Жоржета Илиеска од Велес, мајка на дете со цистична фиброза која вели дека 21 година минува низ голгота поради болеста.

dobivaj vesti na viber

Предложените законски измени кои носат дополнителни олеснувања за пациентите со цистична фиброза се во Собранието.

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Полициска акција во Штип – приведени службеници

Тетовец пријавен за закани кон полициски службеници во Гостивар