Утрински Весник
Спорт

Клуб основан пред шест години ја освои НХЛ лигата

Клуб основан пред шест години ја освои НХЛ лигата

Американскиот хокеарски клуб Лас Вегас Голден Најтс е основан пред шест години, а сега за првпат во својата кратка историја стана шампион на НХЛ лигата.

dobivaj vesti na viber

Лас Вегас го освои познатиот Стенли куп, откако во финалната серија од плеј-офот славеше против Флорида Пантерс со 4:1 во победи.

Во решавачкиот петти натпревар, Лас Вегас победи со убедливи 9:3 пред домашните навивачи и со тоа го потврди триумфот над „пантерите“, кои можат да бидат крајно задоволни од сезоната откако стигнаа во финалето како осмопласирана екипа во Источната конференција.

Можете да прочитате

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство