Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) Шкендија го доведе Ардиан Лимани од Дрита

(ВИДЕО) Шкендија го доведе Ардиан Лимани од Дрита

Македонскиот прволигаш Шкендија се засили со Ардиан Лимани, дефанзивец кој доаѓа од косовскиот тим Дрита Гњилане. Лимани потпиша двегодишен договор со тетовскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

„Навистина е убаво чувството да се облече дресот на Шкендија, знам дека овој клуб има успешна историја. Се работи за квалитетен тим кој е на високо ниво низ годините. Знам дека Шкендија има верни навивачи, „Балистите“ кои го сакаат клубот и сакаат трофеи. Ова ме натера да прејдам во редовите на клубот и се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Лимани за сајтот на Шкендија.



Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал