Утрински Весник
Спорт

Мбапе го известил ПСЖ: Уште една година и си одам

Мбапе го известил ПСЖ: Уште една година и си одам

Килијан Мбапе нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година. Како што пишува француски Лекип, фудбалерот за својата намера ги известил клупските челници. Според овој извор, ПСЖ ќе се обиде да го продаде напаѓачот во летниот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Килијан Мбапе има опција да го продолжи актуелниот договор на уште една година и во тој случај може да остане во Париз до 2025 година. Тој не сака да го искористи тоа и се чини дека остануваат само две опции за оваа ситуација.

Едната е Мбапе да потпише целосно нов договор со ПСЖ. Катарските сопственици во тој случај ќе треба да му понудат финансиски подобар договор од актуелниот, секако доколку тој се премисли и реши да остане. Втората опција е тој да биде продаден, бидејќи само така ПСЖ ќе заработи од неговиот трансфер.

Тоа значи дека лесно може да се случи Килијан да го смени клубот уште во 2023 година. Познато е дека Реал Мадрид е најзаинтересиран за него од претходно, додека неодамна како кандидат се споменува и Манчестер јунајтед.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина