Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со тоа што не се изјаснува за уставни измени со одложено дејство и помага на Бугарија

Партијата за движење на Турците: Ја поддржуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата

Според опозициската партија, СДС со тоа што не се изјаснува за уставни измени со одложено дејство и помага на Бугарија во намерата за национално обезличување и кажува дека ова не е последната уцена на патот кон ЕУ.

dobivaj vesti na viber

СДС, бараат од партијата на Мицкоски, да објасни зошто е против заштитени национални интереси и интеграција преку уставни измени со одложено дејство.

„И двата предлога кои ги даде претседателот Христијан Мицкоски значат зачувување на идентитетот и брза интеграција во ЕУ. Суштината на првиот предлог е одложената примена на уставните измени со влез на државата во ЕУ. Со тоа Бугарија од потенцијалем кочничар, станува активно заинтересирана страна што побргу Македонија да влезе во Унијата. И наместо нови блокади, имаме поголема помош. Што тука кај СДС е спорно? Или спорно е што ДУИ треба да замине во опозиција?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека суштината на вториот предлог се гаранциите кои треба да се бараат од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, јазик и историја, барање средства за Македонската економија и граѓани и барање Бугарија да реализира 3 пресуди за правата на Македонците таму, овие чекори да ги поддржи партијата која би била опозиција, по наредните предвремени парламентарни избори кои треба да се случат на есен, ако се избере овој предлог.

И двата предлога, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја гарантираат интеграцијата, дури и ја забрзуваат, а истовремено го гарантираат идентитетот и оневозможуваат негово оспорување. Што тука е спорно за СДС и зошто не прифаќа?

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор