Утрински Весник
Свет

Мораме сериозно да ги сфатиме овие предупредувања за вештачката интелигенција, порача Генералниот секретар на ОН

Мораме сериозно да ги сфатиме овие предупредувања за вештачката интелигенција, порача Генералниот секретар на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поддржа предлогот за создавање меѓународен регулатор за вештачка интелигенција (АИ) кој ќе функционира како Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), откако предлогот претходно беше изнесен од шефовите на некои компании кои развиваат вештачка интелигенција.

dobivaj vesti na viber

Откако ChatGPT беше лансиран пред шест месеци, се зголеми загриженоста за моќта на вештачката интелигенција да создава убедливи лажни фотографии и други дезинформации. „Ѕвоната за тревога се заглушувачки поради најновата форма на вештачка интелигенција – генеративната вештачка интелигенција. Најгласните доаѓаат од програмерите кои ја дизајнирале“, изјави Гутереш за новинарите. „Мораме сериозно да ги сфатиме тие предупредувања“, додаде тој.

Гутереш најави дека до крајот на годината планира на високо ниво да започне со работа советодавно тело за вештачка интелигенција, кое редовно ќе ги разгледува аранжманите за управување со вештачката интелигенција и ќе нуди препораки за тоа како да се усогласи вештачката интелигенција со човековите права, владеењето на правото и заедничкото добро.

„Јас би бил за идејата за создавање агенција за вештачка интелигенција инспирирана од она што денес е Меѓународната агенција за атомска енергија“, рече тој. Гутереш додаде дека таков модел може да биде „многу интересен“, но истакна дека „само земјите-членки можат да го создадат, а не Секретаријатот на Обединетите нации“.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот